Прилеп гради индустриска зона

Bez autora
Mar 29 2011

Вкупно 23 парцели од 1.700 до 5.000 квадратни метри во околината на фабриката „Металец“ во Прилеп се урбанизираат за да им бидат понудени на оглас на стопанственици за градба на индустриски капацитети. Наскоро на тендер ќе бидат понудени 13 парцели, штом ќе заврши процедурата за измена на корисничкото право, а другите подоцна. Станува збор за урбанизирано градежно земјиште со обезбедена инфраструктура, кое моментно го користи фабриката „Металец“, а е во сопственост на државата. Стопанствениците го поздравија потегот и побараа процедурата да заврши брзо. Ристо Најдоски, извршен директор на комората, смета дека покрај овие, на стопанството во Прилеп му се потребни и други парцели.

Прилеп гради индустриска зонаВкупно 23 парцели од 1.700 до 5.000 квадратни метри во околината на фабриката „Металец“ во Прилеп се урбанизираат за да им бидат понудени на оглас на стопанственици за градба на индустриски капацитети.

Ова на членовите на Управниот одбор на регионалната стопанска комора на Прилеп им го соопшти Илија Карески, раководител на секторот за урбанизам при локалната самоуправа.

- Наскоро на тендер ќе бидат понудени 13 парцели, штом ќе заврши процедурата за измена на корисничкото право, а другите подоцна. Станува збор за урбанизирано градежно земјиште со обезбедена инфраструктура, кое моментно го користи фабриката „Металец“, а е во сопственост на државата - рече Карески.

Стопанствениците го поздравија потегот и побараа процедурата да заврши брзо. Ристо Најдоски, извршен директор на комората, смета дека покрај овие, на стопанството во Прилеп му се потребни и други парцели.

- Нужни се повеќе парцели, зашто постојните претставуваат тесно грло за развој на бизнисот. Трошоците им се товар, оти не мал дел од фирмите работат во изнајмени простори по високи кирии. Поради тоа ефикасноста е слаба, не можат да инсталираат модерни технологии и конкурентноста им е помала - вели Најдоски.

Карески објаснува дека со новиот генерален урбанистички план на Прилеп, кој ќе биде готов за два месеца, се проширува градежната бизнис-зона за нови 500 хектари градежно земјиште.

- На бизнис-секторот ќе им бидат ставени „на тацна“ вкупно две илјади хектари за градба на стопански објекти за мали и средни претпријатија - вели Карески.

Во околината на село Алинци кај Прилеп наскоро ќе почне со градба новата бесцаринска зона со комплетна инфраструктура. Стопанствениците имаат индиции дека Владата ќе го прифати прилепскиот предлог, приватизацијата земјиштето на стопанските објекти и дворови од сегашните 16 да се намали на шест евра за квадратен метар. Бизнисмените сметаат дека на тој начин оптоварувањата ќе бидат помали, а расположливите слободни средства ќе ги насочат во развој, а новиот амбиент ќе создаде услови за кредитирање со заложување на капиталот кај банките.

Крајниот рок за почеток на процесот е 1 јануари 2013 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik